Утре во црквата „Св.Богородица“ – Каменско ќе се служи вечерна богослужба за празникот „Прочка – Поклади“

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 2 март (недела), во црквата „Света Богородица“ – Каменско, Охрид, ќе се служи вечерна богослужба, по повод празникот „Прочка – Поклади“, со почеток во 16:00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

Православните верници се известуваат дека од 2 до 6 март, во црквата „Света Богородица“ – Каменско, Охрид, секое утро со почеток во 7 часот, ќе се служи утринска богослужба со часови и вечерна, а пак, вечерта во 16 часот, ќе се служи големо повечерие со Канонот на свети Андреј Критски.

Од Митрополијата напоменуваат дека од понеделник до четврток богослужби ќе има само во црквата „Света Богородица“ – Каменско, Охрид.

Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на богослужбите во црквата „Света Богородица“ – Каменско – Охрид.

Share