Утре прекин во водоснабдувањето на повеќе улици во градот

МЈП „Проаква“ – Р.Е. „Водовод“ Охрид, ги известува граѓаните дека поради приклучок на главна водоводна линија, утре, среда 26-ти февруари од 07:30 до 16:00 часот ќе има прекин во водоснабдувањето на улиците: „Димитар Влахов“, „Мите Богоески“, дел од улицата „Партизанска“, „Климент Охридски“, „Цар Самоил“, „Самоилова“, „Коста Абраш“, „Петар Чауле“, дел од улицата „Климентов Универзитет“, до пресекот со „Нада Филева“, „11-ти Октомври“, „Охридска Архиепископија“, долниот дел од улицата „Илинденска“ и „Кеј Маршал Тито“.

Share