Утре ќе се одржи акцијата „Македонија земја на цвеќето – Земја на розите“

Во акцијата на Министерството за животна средина „Македонија земја на цвеќето- земја на розите“ утре на 21- ви март (петок), ќе се вклучи и општина Охрид.

Локалната самоуправа во содејство со ЈП „Охридски Комуналец“ организира акција за засадување рози. Акцијата ќе започне во 10 часот кај хотелот „Дончо“, во 10 часот и 30 минути рози ќе се садат во дворот на ОУ „Григор Прличев“, а во 11 часот во ОУ „Христо Узунов“. Покрај засадувањето рози, во основните училишта ќе се организираат продажни изложби на рачно изработени предмети.

Покрај разубавувањето на јавните површини, акцијата ќе има и еколошко значење бидејќи розите се познати по нивната карактеристика за извлекување на тешките метали од почвата.

Share