Утре ќе се потпише договор за регионално поврзување на НВО од Охрид и Струга и унапредување на соработката со СВР

Утре во хотелот „Дрим“ во Струга, ќе се потпише договор за регионално поврзување на невладините организации од Охрид и Струга и унапредување на соработката со Секторот за внатрешни работи Охрид. 

Целта е проширување на соработката со локалната полиција и изразување заедничка заложба за поддршка на СВР Охрид во справувањето со различните безбедносни проблеми што е во интерес на граѓаните во регионот и манифестација на партнерство во зголемување на степенот на безбедност.

Оваа активност е во организиција  на МВР-РМ и мисијата на ОБСЕ во РМ.

Share