Ученици од основните и средните училишта од Охрид беа учесници на Медијана фестивалот за детско творештво

На шестиот Медијана фестивал за детско творештво и творештво за деца што се одржа оваа година од 21-22 март во организација на Градската општина Медијана во Ниш, Република Србија, со свои творби учествуваа и ученици од основните и средните училишта од општина Охрид. Покрај Марина Климоска од ОУ „Братство Единство“ која ја освои третата награда за литературна творба, пофалени беа творбите на Сања Симоновиќ од ОУ „Христо Узунов“ и Благица Крстаноска и Христијан Балоски од ОУ „Живко Чинго“ с. Велгошти. Нивните творби се објавени во зборник, кој е издаден заедно со другите наградени и пофалени литературни и ликовни творби.

Учеството на Медијана фестивалот претставува можност за понатамошна соработка на двете општини.

Share