Уште една активност на Црвен крст Охрид

Пешачење, возење велосипед, ролање, спортување, конзумирање здрава храна, беа дел од активностите кои денес Црвен крст од Охрид ги спроведе под мотото„Like за Bike“. Целта на настанот беше одржување на здрави животни навики и подобрување на својата здравствена состојба и физичка кондиција.
Стартот на активноста беше на платото пред Центарот за култура „Григор Прличев” во Охрид, од каде организирано по патека покрај езерото, се тргна со велосипеди, пеш, со ролери, до плажата Горица 1 (Парк).
„Голем број на љубители на физичката активност, оние кои сакаат да практикуваат здрав начин на живот, ги имаме овде од најмали, од 5 до 60 годишна возраст. Денеска ќе се забавуваме, ќе пешачиме најпрво до просторот кај Центарот  за безбедност на вода, кај плажата Горица Парк. Таму ќе има голем број на спорстко културни и забавни  содржини, каде што младите ќе се забавуваат, ќе се дружат, ќе конзумираат здрава храна, а повозрасните секако ќе имаат и здравствени прегледи и корисни физички вежби.“ – изјави претседателот на Црвен крст Охрид, Сашо Точков.
Како што рече Точков, Црвен крст Охрид и во иднина ќе продолжи со организирање на најразлични спортски и културно-забавни настани за охриѓани, со цел поттикнување на здрав начин на живеење.
Share