Хрватски фолклористи во посета на општина Охрид

Заменик градоначалникот Александар Јанев денеска  имаше средба со делегација на  КУД „Краљ Томислав“ од Биоград на Море од Хрватска, кои се во неколкудневен престој кај домаќините од КУД „Гердан“ од Охрид.

На средбата, заеднички беше оценето дека соработката на двете културно- уметнички друштва е добра основа за воспоставување на поблиски односи меѓу Охрид и Биоград на Море како развиени туристички центри. Покрај соработката во областа на туризмот и културата, беа споменати и можностите за креирање заеднички проекти и користење средства од европските фондови.

Share