Цените на бензините и на дизелот остануваат непроменети

Во следните две недели, цените на бензините, како и на нафтата, остануваат исти. Ова е најновата одлуката на Регулаторната комисија за енергетика.

Цената на Еуросупер БС-95 останува 78 денари за литар, додека на Еуросупер БС 98 е 79,50 денари за литар. Дизелот и во следните две недели ќе се продава по 66 денари за еден литар.

Малопродажната цена на Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за половина денар и изнесува 54,50 денари за литар. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,118 ден/кг и изнесува 40,077 ден/кг.

Share