130 ученици од ОУ „Григор Прличев“ имаа едукативен час во полициската станица за безбедност во патниот сообраќај

Сто и триесет ученици од четврто одделение од основното училиште „Григор Прличев“ денес имаа едукативен час во полициската станица за безбедност во патниот сообраќај во Охрид.

За потребата од почитување на сообраќајните правила и прописи и подигнување на безбедносна култура како и за низа други корисни информации поврзани со работата на полициските службеници околу безбедноста во сообраќајот, денес пред учениците говореше командирот на полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Страшо Миленкоски. Учениците со виден интерес ги видоа полициските возила, полициските моторцикли но другите материјално-технички средства и опрема што сообраќајната полиција ја користи во секојдневното извршување на работните задачи.

Ваква посета на полициската станица за безбедност во патниот сообраќај во Охрид, ќе се реализира и на 10-ти месецов кога согласно школската настава, полициската станица ќе ја посетат четириесет ученици од петто оделение од основното училиште „Григор Прличев“.

Share