Работилница посветена на борбата против дрогата

Во општинското средно училиште ЕМУЦ „ Св. Наум Охридски“ денеска се одржа работилница посветена на „Образованието и полицијата против дрогата во заедницата“.

Работилницата, која е дел од истоимениот проект што се спроведува во охридските училишта,  ја водеше  Игор Смилески главен инспектор во одделот за дрога во СВР Охрид. Целта на работилницата беше запознавање со видовите на наркотичните средства, нивното дејствување, како и препознавање на начините на нивната злоупотреба  особено кај младите.

Share