Kражба во црквата „Св.Климент Охридски“ во Климештани

Црквата „Св.Климент Охридски“ во охридското село Климештани беше мета на засега непознат сторител, кој според кажување на член на црковниот одбор извршил тешка кражба и однел односно против-правно присвоил седум икони, еден сребрен крст и 600 денари.

Тешката кражба во црквата е извршена во периодот од 17 часот на ден 28-ми февруари до втори март оваа година. Во црквата „Св.Климент Охридски“ во селото Климештани влезено е откако претходно насилно и со подесен алат скршени се двата цилиндри од бравите на влезната врата и помошната просторија.

Сторителот, потоа се упатил во внатрешноста на црквата и извршил пребарување низ црковните простории. Седумте икони и сребрениот крст ги одзел од главната црковна одаја, а парите од просторијата за продажба на свеќи по што избегал.

За извршената тешка кражба, СВР Охрид изврши увид на местото на настанот и достави информација до Заводот и музеј на град Охрид. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот на овој вандалски чин.

Share