 |
Весна Б.Стефаноска |
 |
Весна Масин |
|

 |
|
Каков е приемот на МОРИС Телевизија? Што ви се допаѓа,а
што не? Кажете го вашето мислење, предлог, пофалба или критика
editor@moris.com.mk
|
|
|
ЕВРО МАКЕДОНСКА ХРОНИКА
со Костоски Илија
ПОВТОРНО ОД 20ти ЈАНУАРИ |
 |
Во последното издание на ЕВРО МАКЕДОНСКА ХРОНИКА што се емитуваше во живо од студиото на ТВ Морис на 03.02.2007(сабота) поканети беа гостите:
- Директорот на институтот за заштита на културното наледство на Македонија,г- динот Паско Кузман,
- Историчар и советник на музеј и град Охрид, г-динот Гоце Жура,
- Професорот на ФТУ и експерт во тимот на градоначалникот на град Охрид, г-динот Зоран Тунтев.
Темата на оваа дебата беше :
- КОЈА ИСТОРИЈА МАКЕДОНИЈА ЌЕ ЈА ПРЕДСТАВИ СО ВЛЕЗОТ ВО ЕУ?
Тематски емисијата изненадувачки делуваше кај гостите,така да се предизвика и сомнеж за компетентноста за присуство во оваа емисија.Меѓутоа на прашањето:
- Што ќе се случеше на пример ако Македонија влезеше во ЕУ заедно со Бугарија и Романија и која своја историја ќе ја претставеше на Веб страницата на ЕУ , притоа да нема натегања со нашите соседи(БГ,ГР,АЛ,СР),гостите констатираа зошто се повикани во ЕВРО МАКЕДОНСКА ХРОНИКА ,а не се политичари.
- Темата е одлична за размислување, потенцираше Паско Кузман, но овде треба да седат и академци за историја!
|
 |
 |
 |
Во емисијата беа телефонски вклучени и академците и тоа:
Г-динот Цветан Грозданов,претседател на МАНУ (Македонската академија на науки и уметности) и г-динот академик и професор историчар Иван Катарџиев (еден од пишувачите на книгата ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД)
Гоце Жура (Истражувач на пештерните цркви во македонија и историјата на Македонија)потенцираше дека треба де се представи историјата што ја знаеме,зошто таа е едниствена и наша со образложенија и датуми. Академците Цветан Грозданов и Иван Катарџиев беа со став дека нетреба да има промена на историјата,
|
 |
но тоа треба да биде историја која не би требало да има несогласувања со соседите(?) и покрај тоа што Кирил и Методиј Бугарите веќе ги претставија во својата историја како свои(и покрај тоа што нас ни пречи?).
Сепак мислам како водител на оваа програма дека на еден начин не се доби вистинско обазложение на едно вака интересно прашање.
Тема за размислување и за младиот профессор Зоран Тунтев кој нагласи дека со иднината сега треба да се оди напред кон ЕУ И НАТО и да се изработи стратегија за нашата историја што би ја претставиле???
Реакцијата на Паско Кузман беше : - зарем да го заборавиме минатото?
Сепак интересно и на еден начин од моја страна како автор на оваа емисија према г-динот Тунтев ,би требало можеби некоја нова стратегија за национален спас,нели?(што не ни е потребна).
По моја оценка успешна емисија која отвори многу прашања околу симболите кој би ги претставиле и проблемот со двојазичноста,потоа зошто ја немаме и ја немавме доволно Античката историја на Македонија во образованието,како и тоа што може да ја менува историјата и слично.
Сепак заклучокот на се е дека и во минатото големите сили учествувале во креирањето и прекројувањето на границите на распарчената Античка Македонија.Во делови од балканот поставувале свои кралеви и ги залажувале новоформираните кралства да влегуваат во сојузи или да војуваат меѓу нив.Така влијанието на големите сили се испреплетило како невидлив конец низ историјата на Македонија и подоцна низ историите на новите држави на Баланот,дури од времето на крстотносните војни,Коминтерната, Трумановата доктрина,па се до денес.(по мислата на г-динот Симе Пандовски во книгата :Македонија-зачетоци на првата нација во Европа).
Следете не и понатака,следната емисија е на 17 .02.2007 година кога ќе се разработува имплементирањето на законот за Полиција во Македонија. |
|
ЕВРО МАКЕДОНСКА ХРОНИКА (архива)
20ти Јануари 2007
|
|