Каков е приемот на МОРИС Телевизија? Што ви се допаѓа, а
што не? Кажете го вашето мислење, предлог, пофалба или критика
editor@moris.com.mk

 

 

 
ИЗРАБОТЕН ЛОВОРОВИОТ ВЕНЕЦ ЗА ЛОВОРОНОСЕЦОТ
Во пресрет на својот патронен празник основното училиште Григор Прличев ги прави последните подготовки. Традиционално и оваа година учениците од ова училиште со свои знаења, рецитали, изведби и други свечености ќе го одбележат денот на раѓањето на вториот Хомер, големиот поет и ловороносец Григор Прличев, кој на конкурс во Атина ја освојува првата награда за поемата Сердарот. И годинава токму како што му прилега на овој голем ловороносец наставничката Мијана Христовска со взаемна помош на нејзините соученици го изработија Ловоровиот Венец кој на денот на годинешните Прличеви чествувања ќе биде поставен на бистата на овој голем поет.
За текот на годинешните чевствувања на Основното училиште предвидени се низа активности , читање на првонаградените литературни творби на учениците, откривање на нова биста на Григор Прличев изработена од учениците од ликовната секција при училиштето, како и свечена приредба по повод патрониот празник која ќе се одржи на 5 февруари во центарот за култура Григор Прличев.
3 Feb 2010 - 11:09 by Весна Стефаноска вести

News management powered by Xpression News