|
|
|
|
Каков е приемот на МОРИС Телевизија? Што ви се допаѓа, а
што не? Кажете го вашето мислење, предлог, пофалба или критика
editor@moris.com.mk
|
|
| ПЕТРЕСКИ СО ОБВИНУВАЊА ДО ЦЕНТРАЛНАТА ВЛАСТ |
Централната власт и натаму продолжува со фризирање на економските и социјални состојби во државата наместо да се фати во костец со проблемите и понуди вистински решенија за ислез од економскиот колапс на државата. Наместо да почне од себеси во смалување на трошоците и непотребното задолжување за да обезбеди комодитет за себе, централната власт товарот на кризата го префрла на општините. Таа, и покрај сите укажувања на стручњаците и реакции во јавноста, комотно продолжува да троши стотици илјади евра за да гради споменици и скулптури по тротоарите и плоштадите или да се саморекламира, а на општините им закинува од средствата кои преку разни фондови (како Фондот за патишта) кои им се враќаат,рече на денешната прес конференција градоначалникот на Охрид Александар Петрески. Натаму рече Петрески,одтука, не треба да изненади одлуката за „Град на културата“ бидејки со нашата програма и јубилеите кои Охрид ги одбележува годинава можевме да конкурираме за европски град на културата, а не за културата во републиката. Сето ова е резултат на закочениот процес на децентрализација на власта, а Македонија е најцентрализираната европска држава заради што најмногу трпат граганите во локалните заедници. |
|
| 4 Feb 2010 - 11:17 by Весна Стефаноска |
вести |
|
|