|
|
|
|
Каков е приемот на МОРИС Телевизија? Што ви се допаѓа, а
што не? Кажете го вашето мислење, предлог, пофалба или критика
editor@moris.com.mk
|
|
| РЕАКЦИЈА НА ОК НА ВМРО ДПМНЕ |
Општинскиот Комитет на ВМРО ДПМНЕ Охрид реагира на денешниот пресс и на изјавите на Градоначалникот Петрески дека Општината Охрид трпи опструкции од Владата .
За жал многу брзо станаа вистина нашите предвидувања дека тоталната немоќ во раководење на градот , тоталното незнаење и со тоа деградирање на Охрид , убедливо најнеуспешниот негов Градоначалник ќе го покрие со неговиот добро испробан рецепт лаги и плачење пред јавноста дека некој го блокира .
Тоа е уште една во низата трагикомични настапи на охридскиот Градоначалник со кои и натаму упорно и упорно го деградира Охрид , иако многу напорно работи на замолчување на критиката и вистината.
Со ова тој изгуби секаков кредибилитет да го носи името Градоначалник на Охрид. Охрид секојдневно губи од ваквото раководење кое ни по 5 години не покажа реални резултати , ниту пак донесе ништо капитално вредно за градот.
|
|
| 4 Feb 2010 - 11:18 by Весна Стефаноска |
вести |
|
|