|
|
|
|
Каков е приемот на МОРИС Телевизија? Што ви се допаѓа, а
што не? Кажете го вашето мислење, предлог, пофалба или критика
editor@moris.com.mk
|
|
| ЗАПОЧНУВААТ ЧЕВСТВУВАЊАТА ЗА ГОЛЕМИОТ ЛАРУЕРАТ ГРИГОР ПРЛИЧЕВ |
Утре започнува манифестацијата "Прличеви Беседи", со која се одбележува значењето, ликот и делото на великанот Григор Прличев. Во 12.00 часот во малата сала на Центарот за Култура кој го носи името на Прличев е закажан почетокот на свеченоста посветена на лауреатот и претставување на поемата "Предвесница" од Михаил Ренџов, носител на наградата "Григор Прличев" за 2009 година. За значењето на оваа литературна творба ќе говори Академик Витомир Митевски, а поемета артисртички ќе ја изведе актерот Томе Витанов. Потоа на авторот Ренџов ќе му биде врачена повелбата и наградата за најдобра поема и ќе биде објавен конкурсот за најдобра поема "Григор Прличев" за 2010 година. Потоа, во Националната Установа Библиотека "Григор Прличев" ќе бидат промовирани делата "Проблесок и молк" од авторот Петко Дабески и роднокрајната библиографија, "Авторите од Охрид и Охридско". Традиционално ќе се одржи и "Прличевата визита". Утревечер, во 18 часот и 30 минути во холот на Центарот за култура ќе биде отворена ликовна изложба на учениците од основното училиште "Григор Прличев", а патрониот празник на училиштето ќе се оидбележи преку свечена приредба која ќе започне во 19.00 часот. Свеченостите продолжуваат во сабота на 6-ти февруари во 11 часот и 30 минути на бистата пред Центарот за култура и Националната Библиотека кои го носат Прличевото име, со полагање на ловоров венец и свежо цвеќе пред бистата на поетот. На тој чин ќе се обрати и претставник на Друштвото на писатели на Македонија. Истиот ден напладне, беседа за Прличев пред спомен - куќата на Прличев ќе одржат Санде Стојчевски и Бранко Цветковски. Во 13.00 часот на гробот на Прличев ќе биде отслужена панихида и ќе биде положено свежо цвеќе. |
|
| 4 Feb 2010 - 11:20 by Весна Стефаноска |
вести |
|
|