|
|
|
|
Каков е приемот на МОРИС Телевизија? Што ви се допаѓа, а
што не? Кажете го вашето мислење, предлог, пофалба или критика
editor@moris.com.mk
|
|
| ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА МЛАДИНСКИ СОВЕТ , НАБЉУДУВАЧ НА ИЗБОРИТЕ ВО УКРАИНА |
| Во пресрет на вториот круг од претседателските избори во Украина, претседателот на Младинскиот совет Охрид Димче Каневче , како дел од Европската мрежа на организации за набљудување на избори престојува во Украина до 9 февруари 2010година. Во вториот круг се натпреваруваат Виктор Јануковиќ кој освои 25% од вкупните гласови во текот на првиот круг и актуелната премиерка на Украина Јулија Тимошенко која освои 10% помалку. Како што е истакнато во предизборната кампања во вториот куг адутите на Јануковиќ е стабилизација на Украина и нејзин развој и воведување на Рускиот јазик како втор официјален јазик во државата, додека пак Премиерката Тимошенко како свои адути ги има ЕУ и НАТО перспективите. Според информациите во последните денови од страна на активистите на Јулија Тимошенко направен е упад во печатницата во која се печатат гласачките ливчиња и направен е обид да се промени директорот, но судот го враќа директорот на својата позиција поради незаконската смена. Актуелната премиерка најавува нова портокалова револуција доколку ги изгуби овие избори поради нерегуларности за кои наголемо се зборува во Украина. Димче Каневче во теко тна изборниот ден ќе присувствува на отворањето на едно избирачко место , при што ќе посети минимум 10 избирачки места, ќе присуствува на пребројување на гласови на последното избирачко место кое ќе го посети, притоа ќе има увид во работата на комисијата која ќе ги пребројува глсачките ливчиња во Черкаската област, информираат од Малдинскиот совет од Охрид. |
|
| 6 Feb 2010 - 11:01 by Весна Стефаноска |
вести |
|
|