Каков е приемот на МОРИС Телевизија? Што ви се допаѓа, а
што не? Кажете го вашето мислење, предлог, пофалба или критика
editor@moris.com.mk

 

 

 
ИЗВАДЕНИ 500 ЕКСПЛОЗИВНИ СРЕДСТВА ОД ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО
Тимот на експерти на Дирекцијата за заштита и спасување кои во изминатите седум дена работеа на трите локации на брегот на Охридското езеро кај Пештани, и на Градското пристаништен за чистење на Езерото од неекслодирани убистеви срества во изминативе седум дена, извадија околу 500 експлозивни средства.
Експолозивните средства чие вадење беше под надзор на МВР , се депонираат на бебзедна локација кај селото Извор Кическо. По завршувањето на акцијата за деминирање на Охридското езеро, експлозивните средства ќе бидат уништени од специјалисти на Дирекцијата за деминирање.Експертите вклучени во акцијата ,велат дека станува збор за неексплодирани средства од првта светска војна. Од МВР велат дека поголемиот дел од откриените неексполдирани мини и гранати ќе бидат уништени а,помал дел ќе бидат дадени на музејско-научна обработка и експертиза за потеклото,видот и нивното експлозивно дејство.
6 Feb 2010 - 11:03 by Весна Стефаноска вести

News management powered by Xpression News