|
|
|
|
Каков е приемот на МОРИС Телевизија? Што ви се допаѓа, а
што не? Кажете го вашето мислење, предлог, пофалба или критика
editor@moris.com.mk
|
|
| ОХРИДСКИТЕ ПЕНЗИОНЕРКИ СО ГУРАБИИ НА БЛАКЦАТА НА БАБА |
Утре, во хотелот кај Езерото Младост кај Велес во организација на Здружението на пензионерите од овој град, ќе се одржи традиционалната манифестација ,,Блакцата на баба,,. По претходно рачно подготвени слаткарски јадења,карактеристични за поранешните времиња,обработени по рецептите на старите баби, а во духот на македонската староградска традиција, ќе се престават 43 Активи на жени пензионерки од нашава Република. На оваа манифестација ,по трет пат годинава, со две слткарки изработки,гурабии и ванилици, карактеристични за нашето подневје,ќе се престави и Активот на жени пензионерки од Охрид и Дебрца. Манифестацијата има продажен карактер а средствата ќе се наменат за хуманитарни цели, за помош на детски установи,впрочем ,како И минатите години.
|
|
| 6 Feb 2010 - 11:05 by Весна Стефаноска |
вести |
|
|