|
|
|
|
Каков е приемот на МОРИС Телевизија? Што ви се допаѓа, а
што не? Кажете го вашето мислење, предлог, пофалба или критика
editor@moris.com.mk
|
|
| СОСТОЈБАТА ВО ВЕВЧАНИ СТАБИЛИЗИРАНА |
Состојба во општина Вевчани денеска е стабилизирана по вчерашното настанување на неколку одрони на активираното свлечиште, објави Министерството за транспорт.
Се работи за одрони од трусно подрачје во месноста Крепо, кое се наоѓа во близина на свлечиштето во Вевчани за кое Министерството за транспорт и врски во 2007 година издвои средства за негово санирање во висина од 2.000.000, при што беа изградени пилоти со греди и ставени на длабочина до 7 метри, стои во соопштението.
Веднаш по појавувањето на одроните со вклучена механизација е направен импровизиран канал со кој наносите од црвен песок со вода се спроведуваат до одводен канал. Вклучената механизација и ангажираните екипи за санирање на состојбата се уште се на теренот и работат.
|
|
| 20 Feb 2010 - 11:05 by Весна Стефаноска |
вести |
|
|