Каков е приемот на МОРИС Телевизија? Што ви се допаѓа, а
што не? Кажете го вашето мислење, предлог, пофалба или критика
editor@moris.com.mk

 

 

 
СОВЕТНИЧКАТА ГРУПА НА ВМРО ДПМНЕ ЈА НАПУшТИ СЕДНИЦАТА НА СОВЕТОТ
Пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ денеска ја напушти 15 сендица на самиот почеток. Но, сепак,предвидените 20 точки на дневниот ред поминаа глатко без никакви реакции,кои беа прифатени ,но само од советниците на СДСМ и нивните колициони партнери.

На ваква одлука советниците од ВМРО ДПМНЕ се одлучија поради низата препукувања кои се случуваа изминатава недела на релација ВМРО ДПМНЕ и локалната самоуправа.. Политичката комуникација во изминатиов период го достигна дното и сметаме дека ова е срам за Охрид, изјави советникот Дејан Пановски. Токму поради тоа ние сметаме дека додека ваквата состојба не биде надмината ние мораме да превземеме соодветни мерки. Побаравме од советот седницата да биде одложена за утре, меѓутоа не добивме согласнот. Стоиме на својот став, дека објавените текстови се поприлично недолични и бараме извинување за истите. Добивме ветување од градоначалникот Петрески дека ќе ги разгледа нашите барања и дека до наредната седница на совет истите ќе бидат реализирани.
На советникот Паноски, му реплицираше порпаролот Никола Манески, кој се огради од изјавите на Паноски и децидно ги негираше, сметајќи дека, тие се паушални и невистините и нема намера јавно да се зивини.
Продолжението на седницата помина во порелаксирана атмосера.,бидејќи опозициј ја напушти седницата.
Понудените 20 точки на дневниот ред по барање на градоначалникот беше изземена само последната: „Предлог одлука за усвојување на записник и збирен извештај за проценетите штети на подрачјето на Општина Охрид", поради фактот што состојбата со штетите сеуште ескалира и штетите сеуште се утврдуваат. Оваа точка ,како што најави градоначаликот Петрески, ќе биде ставена на дневен ред на наредната 16 седница на советот.
Наместо неа беше усвоена дополнителна точка „Предлог одлука за утврдување, потреба и доплнување од изработка и донесување на локална планска документација за изградба на чуварска куќа на катастарска парцела на - Национален парк Галичица, катастарска општина Трпејца - Охрид". Без поголема расправа беа прифатени сите предложени 20 точки, од денешното издание на седниата на Советот на општината Охрид.
22 Feb 2010 - 10:51 by Весна Стефаноска вести

News management powered by Xpression News