|
|
|
|
Каков е приемот на МОРИС Телевизија? Што ви се допаѓа, а
што не? Кажете го вашето мислење, предлог, пофалба или критика
editor@moris.com.mk
|
|
| ВОДОСТОЈОТ НА ЕЗЕРОТО 21САНТИМЕТАР НАД ДОЗВОЛЕНОТО НИВО |
Нивото на водата на Охридското езеро, според мерењата во утринските часови, бележи 21 сантиметар над максимално дозволеното ниво. Ова попладнево во Скопје го соопшти портпаролот на Центарот на управување со кризи (ЦУК), Мишко Талески, потврдувајќи дека нивото на езерото е зголемено за еден сантиметар во однос на вчерашниот ден . „И покрај тоа што водата на Охридското езеро бележи минимално зголемување, сепак состојбата таму е стабилна“, рече Талески, додавајќи дека метеоролошките услови навестуваат добро време. „Денеска е забележан и помал доток на Сатеска и Коселска река во Охридското езеро, што значи дека во текот на денот се очекува стагнација на нивото на езерото, а потоа доколку временските услови го дозволат тоа, може да се очекува и тенденција на благо опаѓање на езерото“, рече Талески. Нивото на Охридското езеро и денеска бележи зголемување. Според информацијата од Центарот за управување со кризи, утринските мерења на езерскиот водостој покажале дека тоа се наоѓа на 21 сантиметар над нормалното ниво. Но, од ЦУК смируваат дека состојбата е стабилна. “И покрај ова, состојбата во охридско-струшкиот регион е стабилна и нема дополнително влошување. Од надлежните служби известуваат дека нивото на реките Сатеска и Коселска, кои се влеваат во езерото бележат опаѓање, па оттука денес се очекува стабилизирање на водата во Охридското езеро, а од утре ќе има тенденција на опаѓање на нивото“, се вели во информацијата од ЦУК. Од Електрани на Македонија се регулира испустот на вода од портите на реката Црн Дрим во Струга, за да не се дозволи излевање долж патот Струга-Дебар.
|
|
| 26 Feb 2010 - 11:00 by Весна Стефаноска |
вести |
|
|