Каков е приемот на МОРИС Телевизија? Што ви се допаѓа, а
што не? Кажете го вашето мислење, предлог, пофалба или критика
editor@moris.com.mk

 

 

 
ДОСЕГА СОБРАНИ ОКОЛУ 800 ИЛЈАДИ ЗРНА ИКРА
Од извршениот улов на пастрмка за вештачки мрест, во изминативе десетина дена, се собрани околу 800 илјади зрна икра.Во Хидробиолошкиот завод, велат дека до крајот на мрестот ќе бидат собрани нешто повеќе оде ден милин зрна икра.Во уловот на пастрмка за вештачки мрест се вклучени 20 рибари, од кои 5 во Трпејца,исто толку во Охрид и 10-на рибари кај Пештани.Со нив во мрестот се ангажирани и дел од вработените на Хидробилошкиот завод. По измолзувањето на икрата, пастрмката се маркира и се враќа назад во Езерото,
Како што велат во Хидробиолошкиот завод, оваа година за прв пат во употреба ќе бидат пуштени новите инсталации за вештачко одгледување на подмладок на пастрамка,кои се изградени со донација на Владата на Норвешка и се смета за едно од најсовремените затворени мрестилишта на Балканот.
2 Feb 2010 - 11:02 by Весна Стефаноска вести

News management powered by Xpression News