Каков е приемот на МОРИС Телевизија? Што ви се допаѓа, а
што не? Кажете го вашето мислење, предлог, пофалба или критика
editor@moris.com.mk

 

 

 
15 ОХРИДСКИ ПЕНЗИОНЕРИ СЕ ДЕЛ ОД ПРВАТА ГРУПА КОИ ЌЕ ОТИДАТ НА БАЊСКА РЕКРЕАЦИЈА
Од оваа сабота во Дебарски бањи, 15 пензионери од охрид,ќе заминат за Дебарски бањи, како дел од првата група на пензионери преку Програмата за бањско - климатска рекреација, кои ќе одат бесплатнк на бања. Во првата група која ќе оди на бањско лекување на ниво на цела држава влегуваат 500 пензионери, а до крајот на проектот за бесплатно бањско лекување треба да се достигне бројка од 10.000 пензионери, кои ќе ги посетат Негорските бањи, Катлановска Бања и Цар Самоил во Банско.
При користењето на бесплатно климатско банска рекреација пензионерите имаат три платени оброци и редовна мега од страна на определени медицински лица. Пензионерите ќе имаат и лекарски надзор во текот на целиот престој во бањите.Инаку, од општините Охрид и Дебрца за бесплатно користење на климатско-банска рекреација за 2010 година, се пријавија 570 пензионери. .
2 Feb 2010 - 11:07 by Весна Стефаноска вести

News management powered by Xpression News