|
|
|
|
Каков е приемот на МОРИС Телевизија? Што ви се допаѓа, а
што не? Кажете го вашето мислење, предлог, пофалба или критика
editor@moris.com.mk
|
|
| ПРЕЗЕНТИРАНА ПРОГРАМАТА ЗА ПРЛИЧЕВИТЕ ЧЕВСТВУВАЊА НА ЦЕНТАРОТ ЗА КУЛТУРА |
Денеска во Центарот за култура "Григор Прличев" се одржа прес конференција на која директорката на оваа институција, Драгана Боцеска ги информираше новинарите за активностите поврзани со претстојната културна манифестација "Прличеви беседи", која традиционално се одржува на 5-ти и 6-ти февруари, по повод патриониот празник на оваа значајна институција на културата во нашиот град. Во петок, на 5-ти февруари во 11 часот и 30 минути ќе се одржи изложба на ликовни дела од колекцијата на Н.У Центар за култура "Григор Прличев". Подоцна следува свечност посветена на лауреатот, на која песната "1762 лето" ќе ја изведат членките на женската пејачка група "Ахрида", која функционира во рамките на центарот, а пригоден говор ќе одржи и директорката на Центарот, магистер Драхана Боцеска. На свеченоста ќе бицде претставена и поемата "Предвесница" на Михаил Ренџов, носител на наградата ГРИГОР ПРЛИЧЕВ за 2009 година. За поетската вредност на ова дело ќе зборува академик Витомир Митевски, а поемата артистички ќе ја изведе Томе Витанов. По врачувањето на Повелбата и Наградата за најдобра поема "Григор Прличев" за 2009 година, ќе се обрати и лауреатот Михаил Ренџов. На манифестацијата ќе биде објавен и конкурсот за најдобра поема "Григор Прличев" за 2010 година. Организацијата на манифестацијата е овозможено со материјална помош на Министерството за култура на Република Македонија.
|
|
| 3 Feb 2010 - 11:08 by Весна Стефаноска |
вести |
|
|