Каков е приемот на МОРИС Телевизија? Што ви се допаѓа, а
што не? Кажете го вашето мислење, предлог, пофалба или критика
editor@moris.com.mk

 

 

 
ПЕТРЕСКИ ДА СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА
Вчера бевме сведоци на еден чин на бескрупулозен и крајно несовесен однос на еден Градоначалник кон сопствените сограѓани. Градоначалникот на Охрид без трунка разбирање и вознемирување си замина на одмор и прошетка по топлите Австралиски краишта заедно со својата бизнис тајфа со која години наназад безмилосно го цицаат Охрид, а решија и со пари на граѓаните и да се прошетаат и одморат , истакна на денеШната прес конференција претседателот на ОК ВМРО ДПМНЕ од Охрид Атанаско Михаилов.
Дека работите со оваа прошетка до Австралија на тнр. делегација од Охрид не се чисти укажуваат неколку факти за кои поставуваме прашања:
Го повикуваме Петрески што побрзо да се врати од Австралија за да може веднаш наредниот ден да си ја поднесе оставката од функцијата Градоначалник затоа што после ваков чин ништо друго не преостанува, додаде Михаилов
Додека пак советникот Дејан Паноски од ВМРО ДПМНЕ додаде дека како советничка група Ќе биде побарано од Претседателот на Советот на опШтината да побара објаснување од водачот на делегацијата зоШто дојде до ваков испад, бидејЌИ како Што рече со тоа е нанесена Штета на угледот на сите советници И на советот како орган на локалната самоуправа но И на угледот на граЃаните кои гласаа на изборите, додаде Паноски.
10 Mar 2010 - 09:39 by Весна Стефаноска вести

News management powered by Xpression News