Каков е приемот на МОРИС Телевизија? Што ви се допаѓа, а
што не? Кажете го вашето мислење, предлог, пофалба или критика
editor@moris.com.mk

 

 

 
РАБОТЕН СОСТАНОК НА СВР ОХРИД СО СОВЕТОДАВНАТА ГРУПА ГРАѓАНИ ОД КОСЕЛ
Секторот за внатрешни работи Охрид и Оделението за превенција, го организираат 17-от состанок со членовите на Советодавната група граѓани од населбата Косел. Средбата, ке се одржи утре со почеток во 19 часот во зградата на поранешната Општина Косел.
Целта на средбата е согледување и запознавање на состојбите со криминалитетот на поширокото подрачје на Косел со посебен осврт на зачестената појава на кривичното дело ,,Измама, со лажно претставување на поединци како претставници на Црвен крст или на други институции и барање пари за наводна социјална помош..
Меѓу другите теми на состанокот, се и предлог мерки за подобрување на актуелната ситуација во однос на криминалитетот, предвидена е презентација на концептот ,, Партнерство меѓу Полицијата и заедницата,, како и осврт на тема ,,Стоп за семејното, сексуалното и родовото насилство,, Средбата ке биде искористена и за делење на соодветен едукативно-пропаганден материјал(флаери, постери и сл.)
На состанокот, свои излагања по темите ке имаат, претставници од Секторот за внатрешни работи од Охрид, од Локалната самоуправа, од Локалниот совет за превенција, претставници од тимот за развој на полицијата при мисијата на ОБСЕ и др.
10 Mar 2010 - 09:40 by Весна Стефаноска вести

News management powered by Xpression News