|
|
|
|
Каков е приемот на МОРИС Телевизија? Што ви се допаѓа, а
што не? Кажете го вашето мислење, предлог, пофалба или критика
editor@moris.com.mk
|
|
| СОСТОЈБАТА СО ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО ПОД КОНТРОЛА |
Врз основа на информациите пристигнати од терен, состојбата со водостојот во Република Македонија е стабилна. Сепак, Координативното тело за превенција од природните непогоди на денешниот состанок заклучи да продолжат превентивните активности во сите реони кадешто е забележан повисок водостој. Водостојот на Охридското Езеро е на исто ниво како вчера. Намален е дотекот од реката Сатеска во Охридско Езеро и истата, според информациите од ЕЛЕМ изнесува 16 м3 во секунда, а испустите на вода во Црн Дрим се 66 м3 во секунда. Екипи на Дирекцијата за заштита и спасување се на теренот долж охридското крајбрежјеи ги чистат каналите и речните корита на повеќе потези. Веќе е исчистен еден дел од коритото на реката Даљанска, а се продолжува со чистењето на коритото на Коселска река и делот од реката Црн Дрим, наречен Мал Дрим. Исто така, во тек се активностите за поставување на насип со камења на потегот од Езерски Лозја до Сатеска, како и поставувањето на насип од вреќи со песок на брегот на реката Црн Дрим, со цел да се порамни нивото на крајбрежјето на реката Црн Дрим. Истовремено со овие активности се чисти и каналот на потегот од Мислешево до Црн Дрим. Кај месноста Луково, кај патниот правец Струга – Дебар продолжуваат активностите за уредување на коритото на реката Црн Дрим. На оваа локација превентивно се прави земјен насип во должина од 350 метри, висина од 5 м и широчина од 7 метри. На оваа локација се работи согласно усогласената динамика на превентивни активности на Координативното тело и екипи на Дирекцијата за заштита и спасување во работат во 3 смени. На потегот од Калишта до Радожда, во струшко, состојбата е стабилна и нема опасност од прелевање, поставени се потребните насипи од вреќи со песок, а дополнително на располагање е резервен контингент од вреќи со песок кој може да биде употребен доколку се појави потреба за тоа. Според информациите од релевантните институции, сообраќајот на магистралните и регионалните патни правци низ државата се одвива без застои и ограничувања. На патниот правец Ресен - Битола преку планинскиот превој Ѓавато возилата се пренасочуваат преку регионалниот пат Р106 Ресен - Битола во должина од околу 5 километри. Според Управата за хидрометеоролошки работи, до крајот на денешниот ден ќе се задржи облачно време проследено со врнежи од снег кои пообилни ќе бидат во западните делови. Во одделни пониски места врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец. За утре се прогнозира променливо облачно време со повремени слаби врнежи од дожд и снег во пониските места и снег на планините, претежно во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Координативното тело при Владата на Република Македонија постојано ги следи и обработува информациите кои пристигнуваат од дежурните екипи на теренот и ги презема потребните превентивни мерки, за што секако благовремено ја информираме јавноста.превентивните активности во сите реони кадешто е забележан повисок водостој. Водостојот на Охридското Езеро е на исто ниво како вчера. Намален е дотекот од реката Сатеска во Охридско Езеро и истата, според информациите од ЕЛЕМ изнесува 16 м3 во секунда, а испустите на вода во Црн Дрим се 66 м3 во секунда. Екипи на Дирекцијата за заштита и спасување се на теренот долж охридското крајбрежјеи ги чистат каналите и речните корита на повеќе потези. Веќе е исчистен еден дел од коритото на реката Даљанска, а се продолжува со чистењето на коритото на Коселска река и делот од реката Црн Дрим, наречен Мал Дрим. Исто така, во тек се активностите за поставување на насип со камења на потегот од Езерски Лозја до Сатеска, како и поставувањето на насип од вреќи со песок на брегот на реката Црн Дрим, со цел да се порамни нивото на крајбрежјето на реката Црн Дрим. Истовремено со овие активности се чисти и каналот на потегот од Мислешево до Црн Дрим. Кај месноста Луково, кај патниот правец Струга – Дебар продолжуваат активностите за уредување на коритото на реката Црн Дрим. На оваа локација превентивно се прави земјен насип во должина од 350 метри, висина од 5 м и широчина од 7 метри. На оваа локација се работи согласно усогласената динамика на превентивни активности на Координативното тело и екипи на Дирекцијата за заштита и спасување во работат во 3 смени. На потегот од Калишта до Радожда, во струшко, состојбата е стабилна и нема опасност од прелевање, поставени се потребните насипи од вреќи со песок, а дополнително на располагање е резервен контингент од вреќи со песок кој може да биде употребен доколку се појави потреба за тоа. Според информациите од релевантните институции, сообраќајот на магистралните и регионалните патни правци низ државата се одвива без застои и ограничувања. На патниот правец Ресен - Битола преку планинскиот превој Ѓавато возилата се пренасочуваат преку регионалниот пат Р106 Ресен - Битола во должина од околу 5 километри. Според Управата за хидрометеоролошки работи, до крајот на денешниот ден ќе се задржи облачно време проследено со врнежи од снег кои пообилни ќе бидат во западните делови. Во одделни пониски места врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец. За утре се прогнозира променливо облачно време со повремени слаби врнежи од дожд и снег во пониските места и снег на планините, претежно во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Координативното тело при Владата на Република Македонија постојано ги следи и обработува информациите кои пристигнуваат од дежурните екипи на теренот и ги презема потребните превентивни мерки, за што секако благовремено ја информираме јавноста. |
|
| 10 Mar 2010 - 09:43 by Весна Стефаноска |
вести |
|
|