|
|
|
|
Каков е приемот на МОРИС Телевизија? Што ви се допаѓа, а
што не? Кажете го вашето мислење, предлог, пофалба или критика
editor@moris.com.mk
|
|
| СВР ОХРИД ВО КОНТРОЛНИ МЕРКИ |
Во рамките на своите законски овластувања и надлежности, изминатиов викенд, Секторот за Внатрешни работи Охрид презеде мерки односно интензивни контролни активности по угостителските објекти низ градот. Целта на акциските контроли беа регистрирање и елиминирање на прекршоци во однос на присуство на малолетни лица после 24 часот, точење на алкохол на малолетни лица како и по други основи од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир. Во акцијата беа опфатени сите кафе-барови, ноќни клубови, дискотеки но и други угостителски објекти. Во дискотеката Планет, при секоја контрола, беше регистрирано присуство на малолетници после 24 часот кои консумираат алкохол. Во кафебарот Мистик регистрирано е нарушување на јавниот ред и мир со користење на музички инструменти. Во дел од угостителските објекти, регистрирани се прекршоци односно непочитување на одредбите од Законот за јавна чистота.
По изготвените записници, од страна на полициските службеници, против овие правни субјекти, ке бидат поднесени соодветни пријави.
|
|
| 19 Jul 2010 - 10:05 by Весна Стефаноска |
вести |
|
|