|
|
|
|
Каков е приемот на МОРИС Телевизија? Што ви се допаѓа, а
што не? Кажете го вашето мислење, предлог, пофалба или критика
editor@moris.com.mk
|
|
| СОВЕТНИЦИТЕ ЈА РЕАЛИЗИРАА 20ТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ |
Од предвидените 40 точки на дневниот ред на денешната 20 седница на охридскиот совет , советниците едногласно ги усвоија само 6, а за другите советничката група на ВМРО ДПМНЕ гласаше против. Елаборатот за штетите настанати од врнежите и градот од пред месец дена; Локалниот Акционен План за напредување на положбата на лицата со попреченост; Иницијативата за дополнување на Статутот на општината; Одлуката за збратимување на Охрид со градот Јалова- Турција; Одлуката за формирање работни групи и именување нивни координатори за изработка на ЛЕАП-от; одлуката за времено отстапување на недвижен имот на користење на Црвениот Крст-Охрид ја добија поддршката на сите присутни советници, без оглед на партиската припадност. Извештаите на Секторите на локалната администрација за работењето во периодот јануари-јуни годинава, ја добија поддршката само на мнозинската коалиција предводена од СДСМ. Истата судбина ја имаа и одлуките од урбанистичката сфера кои се изгласани без поддршка на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ. на денешната седница советничката од ВМРО-ДПМНЕ, Јованка ДАМОСКА беше децидна и во однос на нивниот став околу одлуките што се однесуваат на новото ЈП Нискоградба како и оние сврзани со работењето на Проаква при што, од говорницата на Советот, порача: Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ е однапред против секоја одлука која ке значи оптоварување на буџетот на граѓаните или со која се финансира неефикасното работење и новите вработувања. Заради отсуство на претставник на СВР-Охрид односно Полициската станица и на седницата на матичната Комисија како и на денешната пленарна седница на Советот, советниците едногласно се изјаснија за повлекување од дневен ред на Предлог-одлуката заусвојување на Извештајот за состојбата во областа на јавната безбедност и безбедноста на патиштата.
|
|
| 19 Jul 2010 - 10:06 by Весна Стефаноска |
вести |
|
|