Каков е приемот на МОРИС Телевизија? Што ви се допаѓа, а
што не? Кажете го вашето мислење, предлог, пофалба или критика
editor@moris.com.mk

 

 

 
ФИНЦИ ВО ОХРИД
Во организација на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и на нашиот економски промотор во Финска Г-ца Катерина Оровчанец, за првпат во Македонија престојуваа претставници на најголемиот Фински туроператор Ауринкоматкат(дел од авиокомпанијата ФИН АИР кој сервисира 350.000 туристи од Финска во различни дестинации во светот). Тие имаа можност да се запознаат непосредно со туристичките потенцијали на Македонија, хотелските капацитети и аеродромот во Охрид. После тоа нивната управа донесе одлука Македонија да ја стават во нивната програма за 2011година. Овие денови престојуваше уште една екипа од Ауринкоматкат чија задача беше потпишување договори со хотелите на Охридско-Струшкото крајбрежје што тие сами претходно ги одбраа. Од тука сакаме да Ве информираме дека преговорите со неколку хотели успешно завршија, се склучија договори при што за првпат во македонскиот туризам се отвара можноста следната година да се воспостави чартер лет на релација Хелсинки-Охрид, кој би започнал од 01.Јуни и би траел до крајот на август 2011година.
За таа цел Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот следната 2011година ќе учествува на саемот за туризам кој се оддржува во Хелсинки во периодот од 20-23Јануари 2011година.
Воедно ќе се реализираат повеќе активности како студиски патувања за нивни новинари во Македонија, промоција во печатени медиуми и други активности.
8 Jul 2010 - 08:32 by Весна Стефаноска вести

News management powered by Xpression News