|
|
|
|
Каков е приемот на МОРИС Телевизија? Што ви се допаѓа, а
што не? Кажете го вашето мислење, предлог, пофалба или критика
editor@moris.com.mk
|
|
| РЕАКЦИЈА ОД ЗНМ, ЗА НАПАДОТ НА ОХРИДСКИОТ НОВИНАР |
Здружението на новинарите на Македонија, Регионалниот центар од Охрид остро реагира на физичкиот напад врз охридскиот новинар Сашо Денесоски, главен уредник на сајтот Преспа скај и колумнист на Мега стар. Нападот на Денесоски се случил на терасата во познат охридски хотел во средата околу 11 часот. Напаѓачот избегал од местото на настанот, но набргу било идентификувано неговото возило, иако во полицијата тој не признавал дека физички го нападнал новинарот. Новинарот Денесоски тврди дека се работи за нарачан напад зад кој стои познат бизнисмен што има хотелски бизнис и градежна фирма во Охрид. ЗНМ - Регионален центар Охрид инсистира напаѓачот да биде соодветно казнет без да се остави можност врз активностите да влијаат евентуалните бизнис релации на напаѓачот.
|
|
| 8 Jul 2010 - 08:38 by Весна Стефаноска |
вести |
|
|