|
|
|
|
Каков е приемот на МОРИС Телевизија? Што ви се допаѓа, а
што не? Кажете го вашето мислење, предлог, пофалба или критика
editor@moris.com.mk
|
|
| СОВЕТНИКОТ ДРАГАН ПАНДЕСКИ НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА НСДП ВО ОХРИД |
Охридскиот огранок на Новата Социјал-демократска партија на синоќешното изборно собрание го избра комплетното ново раководство на оваа политичка партија во Охрид која партиципира во Советот на општината со двајца свои советници. За нов претседател на НСДП во Охрид е избран Драган Пандески, дипломиран инжинер технолог, член на Советот на општината и еден од членовите на досегашното најтесно раководство на оваа партија во Охрид. Пандески, татко на три деца, роден е во 1955.година. 25 години беше вработен во Текстилниот комбинат Отекс на раководни места почнувајки од раководител до директор и член на Управниот одбор на фирмата. Денес Драган Пандески е приватен стопанственик, а член на НСДП е од самото нејзино основање. Врз неговиот избор за претседател на охридската НСДП најмногу влијаеше фактот дека тој е еден најлојалните членови на НСДП и покрај сите турбуленции со кои се соочуваше и низ кои минуваше оваа партиска организација по минатогодишните локални избори. На изборното собрание, покрај изборот на Драган Пандески за претседател на општинската организација на НСДП, избран е нов Извршен одбор со 16 члена, нов Надзорен одбор од 5 члена и Секретар на ОО на НСДП.
|
|
| 8 Jul 2010 - 08:39 by Весна Стефаноска |
вести |
|
|