|
|
|
|
Каков е приемот на МОРИС Телевизија? Што ви се допаѓа, а
што не? Кажете го вашето мислење, предлог, пофалба или критика
editor@moris.com.mk
|
|
| ПРОДАВАЧ НА ХЕРОИН ЛИШЕН ОД СЛОБОДА |
По извршен претрес и пронајдена опојна дрога Хероин, СВР Охрид, од слобода го лиши лицето Н.С.(37) од Охрид. Располагајки со добри оперативни сознанија, синока околу 21 часот, Инспекторите од оделението за борба против дрога, го пронајдоа Н.С. во кругот на ОУ Братство со две алуминиумски фолии со Хероин, подготвени за продажба. Забележувајки ги полициските службеници, истиот се обидел да ги фрли фолиите ставени во кутија од цигари. При синоќешниот претрес во домот на Н.С. кој е познат наркодилер, пронајдени се уште 3 грама Хероин, подготвен за натамошна продажба на локални наркозависници.
На ден 07.07.2010 година околу 22 часот, на Булеварот Македонски просветители при преглед кај Р.И.(17) и Љ.Н.(12) од Охрид, пронајдена е Марихуана завиткана во банкнота од 10 денари и подготвена за употреба. Двајцата, инаку познати нарко-зависници, се приведени во СВР Охрид, каде е извршен разговор во присуство на Адвокат за малолетници.
Пронајдениот Хероин и Марихуана, се одземени и испратени на вештачење во МВР-РМ по што ке бидат поднесени соодветни пријави.
|
|
| 9 Jul 2010 - 10:46 by Весна Стефаноска |
вести |
|
|