20 ГОДИНИ УМС НА ВМРО НП ОХРИД

По повод одбележувањето на 20 годишнината од формирањето на Унијата на млади сили на ВМРО НП Охрид, денеска се одржа прес конференција од страна на младите во ВМРО НП.



Нашата приказна започна на 19 јануари 1992 година кога под тешки услови но со цврта идеја и голем ентузијазам се формираше нашиот политички подмладок во Охрид, тогаш под името УМС на ВМРО – ДПМНЕ. Низ нашиот пат имавме доста подеми и падови. Имаше блескави периоди кога младинската организација рамо до рамо се мереше со европските младински организации. За жал имавме и лоши периоди кои достојно и со главата горе ги пребродувавме. Низ годините, во Охрид бевме и сеуште сме главната носечка идеја кај младите. Организациски сме поделени на 27 месни комитети распространети низ целата територија на Општина Охрид. Тука се и комисиите кои разгледуваат прашања од својата област. Активно ги следиме прашањата  поврзани со младите и секогаш даваме критика или наши предлози.
Во 2004 година младинската организација како и целата наша партија се соочуваше со тешки моменти. Но како единствени наследници на идејата на ВМРО достинствено ја продолживме нашата идеологија. Тогаш Централниот комитет на УМС на ВМРО – ДПМНЕ донесе одлука за преименување во УМС на ВМРО – Народна партиа и истата беше усвоена без отстапка на ниту еден општински комитет. Во случувањата што се случуваа во 2004 година во нашата партија, Унијата на млади сили целосно изрази поддршка за лидерот Љубчо Георгиевски.

На РМ под итно и е потребен Закон за млади, кој ќе им служи на младите и ќе ги препознаваат нивните проблеми и нема да бидат под државна капа и со политичко влијание, истакна Јовановски, при што додаде дека младите се соочуваат со голем број проблеми, потенцирајќи ги големиот процент на невработеност, безперспективност како и немањето стратегија и поддршка од властите за ваквата сосотојба.

Видео Вести