СОВРЕМЕН БИОХЕМИСКИ АПАРАТ ЗА ЗДРАВСТВЕНИОТ ДОМ ВЕВЧАНИ
Нов современ лабораториски апарат доби Јавната здравствена установа Здравствен дом Вевчани.

Станува збор за биохемиски анализатор, кој е дел од набавката на медицински материјали за потребите на здравствениот систем во Македонија од страна на Владата. Според карактеристиките апаратот овозможува 200 биохемиски анализи на час, исработка на електролитен статус и други софистицирани биохемиски анализи. Ваквиот апарат ќе даде поголем допринос во посовремената и поточна дијагностика во рамките на Здравствениот дом Вевчани.


