ДОДЕКА ГАЛИЧИЦА ЧЕКА НА ПРЕДИЗБОРНИТЕ ВЕТУВАЊА, КУРАТИЦА ЈА ПРЕВЗЕДЕ ИНИЦИЈАТИВАТА ВО СВОИ РАЦЕ!

Ветеното постанува реалност, од денес швајцарскиот ратрак се движи по снежните падини на Куратица. Најавите за постанување на Куратица зимски центар, постепено постануваат реалност, шри што во текот на денешниот ден донесен е ратракот кој ќе биде идеална можност за зимските услови оваа сезона.

 

Како следен чекор кој го најавува претседателот на МЗ Куратица,  Горан Ангелоски  ќе биде поставувањето на скилифтот , кој и покрај ризикот за поставување на 1300 метри надморска височина со оглед на климатските промени, желбата и упорноста да се има е уште поголема, како и формирањето на еден зимски туристички центар, кој во голема мера му недостасува на Охрид. Најавена е и изградба на ресторан со апартмани, при што вкупната инвестиција би чинела околу 70 илјади евра. По се изгледа дека тенденциозните најави од страна на МЗ Куратица се повеќе од остварувачки и реални, за разлика од долгогодишните ветувања на Локалната  и секторот за ЛЕР кој години наназад ја покренуваат идејата за активирање на зимските терени на Галичица и тапкаат во место, како и разни проекти кои остануваат само како најава или на хартија .  Повеќе од очигледна е огранизираноста на една МЗ како во случајов Куратица, отколку функционалноста и заложбите на една локална власт.

Видео Вести